Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

За новогодишните празници претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова помилува 7 лица. 

Таа по повод новогодишните празници донесе одлука за помилување на 7 осудени лица, од кои 1 потполно, а 6 лица делумно се ослободуваат од понатамошно извршување на казната затвор.

Шестемина осудени лица се помилувани во траење од 3 месеци, а едно лице 3 месеци и 4 дена, што кај него доведе до потполно ослободување од извршување на казната затвор, соопшти кабинетот на претседателката. 

Taa упати честитка до граѓаните. 

„И како човек и како претседателка верувам дека вреди да се бориме за правото, правдата и моралот. Држејќи се до овие начела, малите земји имаат шанса да ги пребродат големите бури во меѓународните води. Да го чуваме како добри домаќини нашиот заеднички дом. Да изградиме општество во кое секој ќе има шанса за пристоен и достоинствен живот, ранливите ̶ поддршка, а младите ̶ инспирација, мотив и иднина. Имаме насушна потреба од еколошка правда и договор со природата, но не како наметната обврска, туку како предуслов за извесна иднина“, вели претседателката. 
За 2025 година, посака мир и хармонија. 
фото: Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска -Давкова

Слично

Поврзани вести