Економија, финансии, бизнис

Контакт

По повод Нова година Иванов помилува 54 осуденици

По повод Нова година Иванов помилува 54 осуденици

Претседателот Ѓорѓе Иванов по повод Нова година помилува 54 осудени лица.

Меѓу нив како што пренесоа дел од медиумите се и имињата на поранешниот директор на ЕСМ Панде Лазаров, кој беше осуден на петгодишна затворска казна поради злоупотреба на службената положба.

Од затворска казна се спасија и Ѓорѓи Топаловски, кој беше осуден на осум години затвор за убиството што го извршил во 2007 година кај Зоолошката градина во Скопје, Весна Николиќ, која беше осудена на 10 години за аферата „Фиком“, Мариче Пецова, која со првостепената пресуда беше осудена на 11 години затвор за случајот „Керозин“, Флорим Малоку од Косово, осуден на осум години казна затвор за грабеж на Прокредит банка, како и Столе Трпевски кој за случајот „Детонатор“ беше осуден на казна затвор од една година и три месеци.

Оваа Одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник“.

Слично

Поврзани вести