Економија, финансии, бизнис

Контакт

По повеќе од три години од смртта, почнува судскиот процес за случајот со малата Тамара

По повеќе од три години од смртта, почнува судскиот процес за случајот со малата Тамара

По повеќе од три години од смртта на малата Тамара, денеска треба да почне судскиот процес во кој се обвинети 12 лица за контроверзните околности под кои девојчето не ја дочека потребната операција.

Обвинение е поднесено против Маја Парнаџиева-Змејкова и Џемаили Мехази, како директори на Фондот за здравствено осигурување, Владимир Поповски, Александар Чапароски, Лилјана Тозија, Наталија Долненец-Банева и Никола Граматиковски, како членови на првостепената комисија која го донела првостепеното решение со кое се одбива лекувањето во странство на малата Тамара и против Александар Стојановиќ, Шабан Мемети, Ристе Симеонов, Елена Трпковска и Аспазија Софијанова, како членови на второстепената комисија кои го потврдиле првостепеното решение.

Тие се товарат за несовесно работење во службата, а обвинителството работело по предметот оформен по допрен глас, кон кого подоцна беше припоена и кривичната пријава поднесена од Хелсиншкиот комитет за човекови права и законскиот застапник на Тамара.


Слично

Поврзани вести