Економија, финансии, бизнис

Контакт

По повеќе од две години откриени убијците на докторот Ацо Трповски, биле сопружници од Автокоманда

По повеќе од две години откриени убијците на докторот Ацо Трповски, биле сопружници од Автокоманда

По повеќе од две години од убиството, Обвинителството информира дека МВР обезбедило докази за убиството на докторот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено на паркингот пред поликлиниката „Железара“ во Скопје. Станува збор за двајца сопружници од Автокоманда, од кои жената го намамила докторот, а мажот му нанел девет убодни рани.

„На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело.

Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале“, објави Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, а истовремено се огласи и МВР.

„Полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода М.В.(65) и неговата сопруга С.В. (59), двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека на 21.03.2024 на паркинг во скопската населба Автокоманда, М.В. го убил А.Т., а С.В. му помогнала прикривајќи ги трагите. По преземени мерки и активности од страна на полициските службеници, а врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител, обезбедени се докази и поднесена е кривична пријава против М.В. за кривично дело „убиство“ по член 123 став 1 од Кривичниот законик, а против С.В. за кривично дело помагање при извршување на кривичното дело.

Осомничената С.В. се договорила со А.Т. да се најдат на паркингот во Автокоманда и влегла во неговиот автомобил, а кратко време потоа пристигнал и М.В., кој го извлекол А.Т. од автомобилот и со нож му нанел девет убодни рани, од кои А.Т. починал. Сопружниците заедно го ставиле телото на починатиот во автомобилот, по што М.В. го одвезол автомобилот до паркингот на Поликлиниката Железара, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале од местото на настанот“, гласи полициската верзија.



Слично

Поврзани вести