Економија, финансии, бизнис

Контакт

По поплавите граѓаните стравуваат од ново невреме

По поплавите граѓаните стравуваат од ново невреме

Граѓаните кои во саботата беа погодени од поплава се исплашени од најавите за ново невреме.

УХМР за денеска и утре најави ново невреме, но не го вклучи алармот за можна опасност. Повторно се очекува невреме според прогнозите, а утре ќе дува силен ветер со бризина до 90 км на час.

Во текот на попладневните и вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои на места  ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, информираат синоптичарите.

Ваквите процеси се очекува поизразени да бидат во северните и источните делови на земјата, така што во овие делови е можно активирање на некои помали водотеци и суводолиците.

Ако локално за кратко време наврнат поголеми количини на дожд, можно е на удар да бидат и градските урбани средини каде поради асфалтот и бетонот нема можност за впивање на водата.

Можна е и појава на одрони и свлечишта и се препорачува внимателно движење покрај суводолиците и подвозниците, стои  во писменото соопштение на УХМР.

Слично

Поврзани вести