Економија, финансии, бизнис

Контакт

По плацевите на Водно, обвинителството има сознанија и за други недвижности

По плацевите на Водно, обвинителството има сознанија и за други недвижности

Во врска со истрагата на плацевите на Водно, јавниот обвинител Љубомир Јовевски за Тв 24 изјави дека многу детали нема да изложува во интерес на истрагата, но вели дека обвинителството има сознанија и за други недвижности.

„Обвинителството презема дејствија во насока да се утврдат докази за тие недвижности и овие плацеви се замрзнати што значи е забрането нивно оттуѓување и располагање. Тоа се однесува за недвижностите во Скопје. Обвинителството истражува и други околности во врска со овој случај и ќе видиме до какви факти и податоци ќе се дојде во текот на истраната постапка“, вели Јовевски.

Обвинителството за организиран криминал и корупција претходно објави дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со 1,3 милиони евра, пари кои неколку години биле собирани како донации за партијата, ги искористил за да купи плац од 11.000 метри квадратни на Водно. 

Судот му одреди 30 дена притвор на Ристо Новачевски, кум на екс премиерот Никола Груевски кој му помогнал за купувањето на плацевите. 

Слично

Поврзани вести