По петти мај ќе се расправа за иницијативата за укинувањето на задолжителните вакцини
129 граѓани доставија иницијатива до Собранието за измени на Законот за задолжителна вакцина. Тие побараа вакцинирањето на децата да биде право на избор на родителите.
Собраниската комисија на која требаше да се расправа за оваа граѓанска иницијатива се одложи. Претседавачот на комисијата Чедомир Саздовски објасни дека, бидејќи е тек на изборна кампања, парламентот е во мирување и нема кворум за работа. Затоа посочи дека за оваа граѓанска иницијатива ќе се расправа по 5 мај годинава.
Според законот не смеат да се запишуваат дечиња во градинка без примање на вакцини и сите вакцини за сите деца се задолжителни.
Слично
