Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Петков, и Мицкоски бара гаранции од Брисел

По Петков, и Мицкоски бара гаранции од Брисел

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека како што бугарската страна бара гаранции од Брисел дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот, така и тие имаат барања за гаранции. 

Бара Брисел да биде гарант за македонскиот јазик и за македонскиот народ. 

„Но, бараме гаранција од Брисел, како и од официјална Софија дека до зачленувањето во ЕУ нема на некоја земја да ѝ пречи нашето име. Кога сето ова ќе го видиме на маса, оваа гаранција, тогаш можеме да разговараме за сè друго. Во овој момент, таков договор каков што планира да потпише Ковачевски, нема успешно да помине во Парламентот, а бидејќи Петков бара гаранции, барам и јас. Ако има македонски јазик без фуснота и македонски народ со своја култура и историја, ја имаат нашата поддршка. Подготвени сме да разговараме за иднината и за поинтензивна соработка со Бугарија, па дури и за вклучување на Бугарите во Уставот, но прво да видиме гаранции за македонскиот јазик и македонскиот народ“, рече Мицкоски. 

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков вели дека со македонската влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски ќе достават заеднички предлог до Европската комисијата, Брисел да биде гарант дека Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав во текот на пристапните преговори со ЕУ. Тој во  интервју за „Еурактив“ изјави дека тоа не е билатерално прашање, туку е во согласност со принципите на сите земји членки на ЕУ.

Слично

Поврзани вести