Економија, финансии, бизнис

Контакт

По петдневна агонија по породувањето починала на Клинички

По петдневна агонија по породувањето починала на Клинички

Елизабета Савиќ Динева (31) вчера починала на скопските клиники по петдневна агонија по породувањето во Гевгелија. 

Според одговорните лица од ургентниот центар во клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје таа добила епилептични напади од непознато потекло, а претходно паднала во кома  на клиниката за неврологија.

Од Министерството за здравство информираат дека било постапено според сите протоколи. Телото е предадено на обдукција.

Елизабета Савиќ Динева во Гевгелија се породила со царски рез, но по пет дена била донесена во клиничкиот центар Скопје во лоша состојба.

Од Министерството за здравство велат дека треба да се почека обдукцискиот наод и да не се шпекулира со причините за  смртта на родилката бидејќи може не е поврзано со породувањето.


Слично

Поврзани вести