По пеколниот финиш на април следуваат метео викенд промени
Последните денови од април во Скопје и низ Македонија се обележани од невообичаено топло време со пеколни температури над 30 степени, но во текот на викендот не очекуваат поголеми метео промени.
Денеска времето ќе биде променливо облачно со локализиран дожд или невреме со грмотевици, а температурата ќе се искачи до 28 степен.
Во недела времето ќе биде променливо облачно со можен локализиран дожд или невреме со грмотевици, температурата ќе се искачи до 28 степен, а слично време не очекува и во понеделник со температура до 29 степени.
Прогнозата за 1 мај ќе остане во рамките на она што веќе се нарекува традиција кога станува збор за временските услови, со големи можности за дожд, но и температури до 30-от целзиусов степен.
