Економија, финансии, бизнис

Контакт

По вчерашниот пад, цените на нафтата утрово повторно растат

По вчерашниот пад, цените на нафтата утрово повторно растат

Цените на нафтата од типот Брент се искачија над 100 долари за барел утрово, откако паднаа за повеќе од 10 проценти во понеделник, по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да ги одложи понатамошните напади врз Иран и најавата за разговори со Техеран.

Во Азија утрово, цената на северноморската нафта Брент се зголеми за 2,9 проценти на 102,84 долари за барел, објавија француските медиуми.

Цената на West Texas Intermediate (WTI), американскиот репер, се зголеми за 3,5 проценти на 91,20 долари.

Европските акции пак исто така пораснаа денес откако американскиот претседател Доналд Трамп објави потенцијално деескалирање на конфликтот со Иран.

Паневропскиот STOXX 600 го заврши денот со раст од околу 1,7 проценти, при што сите регионални берзи забележаа позитивни резултати, објави CNBC.

Франкфуртски DAX порасна за 1,2 проценти, францускиот CAC 40 порасна за 0,8 проценти, италијанскиот FTSE MIB падна за 0,2 проценти, додека лондонскиот FTSE 100 падна за 0,2 проценти.

Слично

Поврзани вести