Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

ПО ПАДОТ НА CREDIT SUISSE - Претседателот на Саудиската национална банка поднесе оставка

Амар Ал Кудаири, претседател на Саудиска национална банка, која е еден од најголемите акционери на Credit Suisse, поднесе оставка само неколку дена откако неговите коментари „придонесоа“ да се спушти вредноста на акциите на швајцарскрската банка, пишува Bloomberg.

Ал Кудаири, кој стана претседател на Саудиска национална банка во 2021 година, која беше создадена со спојувањето на Националната трговска банка и Самба финансиска група, заминува „од лични причини“ и ќе биде заменет од главниот извршен директор Саид Мохамед Ал Гамди, објави весникот. 

Имено, во интервју за Блумберг на почетокот на месецов, Ал Кудаири на прашањето „дали Саудиската национална банка ќе биде отворена за понатамошни инвестиции во Credit Suisse“ доколку има уште еден повик за дополнителна ликвидност, одговори „апсолутно не“.


Акциите на швајцарската банка паднаа на историски минимум по неговите коментари. Тоа исто така влијаеше да падне вредноста на сите европски банки надолу, бидејќи инвеститорите се оддалечија од ризикот по колапсот на три американски кредитори.

Неколку дена подоцна, UBS Group AG се согласи дека го купи Credit Suisse во историски договор со посредство на владата, чија цел е да се спречи кризата на доверба која почна да се шири низ глобалните финансиски пазари.

UBS понуди да плати 3 милијарди франци (3,3 милијарди долари) за својот ривал во зделката за сите акции што вклучува обемни владини гаранции и одредби за ликвидност.

Саудиската национална банка, која е 37 отсто во сопственост на државниот фонд на кралството, забележа пад на вредноста на нејзината инвестиција во Credit Suisse за околу 1 милијарда долари за неколку месеци, откако минатата година купи околу 9,9 отсто од акциите за 1,4 милијарди франци.


Слично

Поврзани вести