Економија, финансии, бизнис

Контакт

По остри дискусии донесен е ребалансот на буџетот во Собрание

По остри дискусии донесен е ребалансот на буџетот во Собрание
Со 56 гласа „за“ и 2 „против“, но во отсуство на дел од опозицијата, Собранието го изгласа ребалансот на буџетот. По повеќе денови остра расправа, владејачкото мнозинство сепак ги изгласа измените за трошењето на државните пари. За опозицијата беше спорен целиот буџет бидејќи се донесе без нив, во екот на насилствата и инцидентите од 24 декември. Во салата за време на гласањето присутни беа 67 пратеници, а опозиционерите предводени од СДСМ не гласаа. „ВМРО-ДПМНЕ толку го погази угледот на оваа држава, тоа што не и успеа 22 години на Грција или на Бугарија или на некои други политички, во наводници, опоненти на државата“, истакна  Игор Ивановски, од СДСМ потсетувајќи на црниот понеделник. На ваквите изјави се спротивставија од ВМРО ДПМНЕ, од каде вратија дека 24 декември беше обид на опозицијата да предизвика хаос и безредие и насилно ја се преземе власта. Со усвоениот ребаланс дефицитот расте за  3,9% со пари од буџетот или со 30 милиони евра. Со ова Фондот за пензиско и инвалидско осигурување добива околу 17 милиони евра, а пари се влеваат и во касата на Министерството за образование.
Слично

Поврзани вести