Економија, финансии, бизнис

Контакт

По обвинувањето на Јакимовски, Муцунски бара доказ дека тој посредувал за вработување на советник од ГРОМ

По обвинувањето на Јакимовски, Муцунски бара доказ дека тој посредувал за вработување на советник од ГРОМ

Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски бара од градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски јавно да приложи доказ дека тој посредувал за вработување на советник од ГРОМ. 

„Доколку Јакимовски поседува доказ за такво нешто, го повикуваме јавно да го приложи, а доколку го нема, само докажува дека неговата политичка култура е на најниско ниво. Како политичар и народен избраник за неговата позиција, тој треба да се занимава со прашања за кои е избран, а не да се служи со политиканство, измами и лаги“, реагираат во соопштение. 

Јакимовски денеска преку соопштение во медиумите истакна дека неговите советници ќе продолжат да ги поддржуваат градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ. На Муцунски му порача дека нема потреба да купува советник од ГРОМ. 

Слично

Поврзани вести