По обвинувањата од претходничката: Избрана нова претседателка на Советот на Општина Центар
Избрана е нова претседателка на Советот на Општина Центар. Станува збор за Цветанка Симоновска кој беше дел од советничката група на СДСМ. Информацијата ја потврди и градоначалникот на општината Саша Богдановиќ. Во Центар настанаа турбуленции откако претходната претседателка Јана Белчева-Андреевска поднесе оставка од функцијата. Таа тврдеше дека не сака да биде дел од мнозинството во Општина Центар кое не е подготвено за прогрес и транспарнтност, туку дозволува ризични и нетранспарентни процеси.
Новата претседателка е дипломиран инжинер архитект, а Богдановиќ вели дека е еден од најистакнатите советници од советничката група на СДСМ во Советот и универзитетски прпфесор во пензија.

„На досегашната претседателка на Советот, Јана Белчева Андреевска ѝ посакувам среќа во понатамошното делување, а на новата претседателка, Симоновска ѝ посакувам успех во претседавањето со Советот на Општина Центар, многу успешни проекти и ефикасност при работата, за Центар заедно да го направиме поубаво и подобро место за живеење за сите нас, вели Богдановиќ.
Белчева- Андреевска претходно кога ја даде оставката на фејсбук напиша:
„Не сакам да сум во мнозинство кое лесно се приклонува калкулирајќи со личен бенефит или конфор, не сакам да сум со мнозинство кое нема капацитет ниту воља за размислување, за идеи, прашања, дебати, критички информации“, вели Белчева во својот статус на Фејсбук.
„Се оградувам од одлуките кои ќе се донесат на денешната седница на Советот, иако дел од предлозите се мои. Се оградувам, бидејќи Општината дозволи упад во процедурата на закажување продолжение на седница, одржува Совет кој не сум го свикала и селективно избира кој ќе биде информиран за присуство.
