Економија, финансии, бизнис

Контакт

По објавата за преземање: Берза го стави Скопски пазар на листа на набљудување

По објавата за преземање: Берза го стави Скопски пазар на листа на набљудување

Македонска берза го внесе Скопски пазар АД Скопје на „Листата за набљудување“.

Одборот на директори на Берзата го донел овој заклучок со цел да се обрне внимание на инвеститорската јавност поради тоа што до друштвото е доставена Намера за објавување на понуда за преземање. 

Имено Скопски пазар извести дека Има понуда запреземање на сите обични акции со право на глас од страна на преземачите Современ дом АД Прилеп и ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје.

Фактор веќе извести за намерата. Двете друштва кои се акционери во Скопски пазар нудат по 6.500 денари од акција.

Современ дом на Ацо Дудулоски и претходно имаше понуда но таа беше неуспешна.


Слично

Поврзани вести