ПО НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ, ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ НА ЃОРЃИЕВСКИ: Активиран кризниот штаб
Поради силното невреме кое во текот на денешниот ден го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со службите и јавните претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза интервенција на терен, доколку има штети, поплави или потреба од итна реакција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„ Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и сите надлежни институции.Сите капацитети се ставени во функција, со една цел навремена заштита на граѓаните и спречување на поголеми последици.
Екипите на Град Скопје ќе бидат на располагање во текот на целата ноќ и ќе интервенираат секаде каде што ќе биде потребно“, соопшти тој.
Ѓорѓиевски ги повика граѓаните на внимателност, смиреност и соработка со надлежните служби.
Слично
