ПО НЕВООБИЧЕАНО ТОПЛАТА ЗИМА: Каква пролет не чека на Балканот, и во Европа
После невообичаената топла зима, Европа ја очекува исто толку топла пролет.
Ова го тврдат метеоролозите од специјализираниот сајт „AccuWeater“.
За долгорочната прогноза за пролетта во Европа се наведува дека до мај може да се очекуваат температури повисоки од просекот, повремени бури во делови на централна Европа но и период на исклучително топло време, речиси летно време во Шпанија и Португалија посебно.
-Оние кои сакаат да престојуваат надвор би требало да се подготват за ран старт на сезоната на алергии бидејќи топлото време предизвикува рано цветање и зголемување на количината на полен-вели метеорологот на „AccuWeater“ Тајлер Ројс.
Балканскиот полуостров ќе биде единствен дел од Европа со „нормално“ време.
Најмногу врнежи се очекуваат во март и почетокот на април кога бурата од Медитеранот ќе донесе дожд на Балканот.
Метеоролозите велат и дека во март би можел да не изненади снег.
Бури со силен ветер и грмежи се очекуваат кон крајот на април и почетокот на мај и експертите предупредуваат дека тогаш би можело да дојде до поплави во овој регион.
Температурите во мај ќе бидат во границите на нормалата или нешто над нормалата.
