Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ: Утре ден на жалост во Куманово

ПО НЕСРЕЌАТА ВО РОМАНОВЦЕ: Утре ден на жалост во Куманово

Членовите на Советот на Општина Куманово денеска едногласно одлучија утре да биде прогласен ден на жалост на територијата на Општина Куманово. 

Утре ќе бидат прекинати сите културни активности и манифестации во општината, а знамињата ќе бидат спуштени на половина копје.

Почит кон загинатите во селото Романовце, членовите на Советот, на предлог на градоначалникот, Максим Димитриевски оддадоа со минута молчење.

Во семејната куќа во Романовце, вчера при пожар од експлозијата на плинската боца починаа четири лица, од кои три деца на возраст од осум, девет и единаесет години. Состојбата на тројца пациенти кои се во болница е критична.

Слично

Поврзани вести