Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НЕСРЕЌАТА НА АВТОПАТОТ Велес-Скопје: Најтешко повредена жена-на клиника заврши во кома

ПО НЕСРЕЌАТА НА АВТОПАТОТ Велес-Скопје: Најтешко повредена жена-на клиника заврши во кома

По утринската сообраќајка незгода која се случи кај Пуста Кула на автопатот Велес-Скопје, со потешки повреди завршила една жена.

Имено, според информациите од Ургентниот центар при Хируршките клиники во Скопје каде е префрлена повредената, жената била донесена во состојба на кома а по комјутерските снимки се работи на санирање на нејзината состојба.

Повредената жена во автомобилот била со уште двајца повредени, таткото и десетгодишната ќерка кои се префрлени во болницата во Велес.

Првичните информации се дека возилото директно се судрило со камион а дел од несреќата беа шест возила.

Слично

Поврзани вести