Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НЕСРЕЌАТА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-КАТЛАНОВО: На дете му е ампутирана рака, почина и жена

ПО НЕСРЕЌАТА НА ПАТОТ ВЕЛЕС-КАТЛАНОВО: На дете му е ампутирана рака, почина и жена

Жената која во тешка состојба синоќа прва е примена во Ургентниот центар во Скопје, откако автобус слета од патот близу велешката патарина, починала, додека на деветгодишно дете му е ампутирана раката.

Најмалку 27 луѓе, од кои две потешко, се повредени кога македонски патнички автобус слета од патот на автопатот Велес-Скопје во неделата околу 19 часот.

МВР прецизираше дека се работи за македонски автобус и дека сите патници се државјани на Македонија. Осумнаесет повредени се префрлени во болниците во Скопје, а девет во Велес.

Директорот на Ургентнот центар во Скопје Илјир Хасани потврди дека во таа установа се примени 14 повредени патници, меѓу кои има и деветгодишно дете во тешка состојба.

Според неговите зборови, жената која прва е примена на клиниката им подлегнала на повредите, уште еден пациент е во критична состојба, а дете било префрлено на Клиниката за детска хирургија.

Министерството за здравство соопшти дека на детето му е ампутирана раката, додека останатите пациенти се во релативно стабилна состојба.

Слично

Поврзани вести