Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НЕКОЛКУ ДЕНА ПРВ ПАТ ПОМАЛКУ ОД 100 НОВОЗАРАЗЕНИ: Комисијата за заразни болести разговара за отворање на сите гранични премини

ПО НЕКОЛКУ ДЕНА ПРВ ПАТ ПОМАЛКУ ОД 100 НОВОЗАРАЗЕНИ: Комисијата за заразни болести разговара за отворање на сите гранични премини

Комисијата за заразни болести по денешниот состанок соопшти дека неопфицијалната бројка на новозаразени денеска е помала од 100, односно дека се движи околу 90-тина новозаразени со корона вирусот. Сепак, оттаму нагласуваат дека се уште се чекаат резултатите од приватните лаборатории каде што се прават тестирањата.

И во главниот град, односно во Скопје, денеска е далеку помала бројката на позитивни со Ковид-19, а од Комисијата за заразни болести потенцираат дека тренд на опаѓање очекуваат и во наредните денови. Повторно апелираат дека почитувањето на препораките се клучни за успешно надминување на кризата со епидемијата.

Истовремено, на денешниот состанок, како што информираат од Комисијата за заразни болести за Фактор, разговарале и за отворање на сите гранични премини, но тоа се подготвува да се реализира од понеделник, кога целосно ќе бидат подготвени протоколите.

А.Б.

Слично

Поврзани вести