Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА: Гаши зборува за нов Етички кодекс во Собранието

ПО НАВРЕДИТЕ НА КОЧОСКА КОН ПЕТРОВСКА:  Гаши зборува за нов Етички кодекс во Собранието

Спикерот Африм Гаши разговара за нов Етички кодекс во Собранието.

За вчерашната реторика на седницата во Собранието и расправата меѓу министерката Гордана Димитриеска-Кочоска и пратеничката Славјанка Петровска, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека секогаш повикувал на подигнување на политичката култура, однесување и почитување на Етичкиот кодекс меѓу пратениците.

„Сите пратеници мора да се грижиме за достоинството на Собранието. Првенствено тоа се прави преку почитување на едни кон други. Можеме да ги искажуваме нашите политички ставови без да навредиме никого. Сум повикувал и ќе продолжам да повикувам до сите пратеници да се држат до почитување на Етичкиот кодекс. Разговараме и за нов Етички кодекс кој сакаме да го подобриме и сите да се договориме на консензуален начин да го почитуваме. Мислам дека понатаму сите ќе работиме во надградба и зголемување на политичката култура. Ваквите настани како вчерашниот не се мили и не е добро за Собранието. Ако пристапиме кон меѓусебно почитување, се надевам дека ваквите инциденти нема да се повторат“, кажа Гаши во изјава за медиумите.

Пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата, на денешената прес-конференција пред Министерството за финансии, побараа оставка од министреката за финасии после вчерашните дискриминаторски навреди упатени кон пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.

Имаше бурни реакции откако министерката рече дека Петровска не може да зборува за трошоците на едно семејство, оти нема деца. 

Петровска синоќа кажа дека министерката сакала да ја омаловажи. 

Гордана Димитриеска - Кочоска, министерката за финансии, не се извини по упатената навреда кон пратеничката на СДСМ и поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, откако на пратенички прашања во Собранието и рече дека таа „нема деца и не треба да коментира за семејната месечна потрошувачка кошничка“.

Слично

Поврзани вести