Економија, финансии, бизнис

Контакт

По натрупаниот смет изминатиот викенд, комуналците ќе работат во три смени за празникот

По натрупаниот смет изминатиот викенд, комуналците ќе работат во три смени за празникот

ЈП Комунална хигиена-Скопје, по интензивните реакции на скопјани за насобраниот смет за време на тридневната забрана за движење изминатиот викенд, објави ќе го собира и транспортира комуналниот отпад во главниот град во три смени, секој ден во неделата, што ќе продолжи и за време на претстојниот празничен викенд кога карантинот ќе трае од петок во 16 часот до вторник во 05.00 часот.

-Контејнерите се празнеа во текот на целата ноќ, по што посебни екипи поминуваа да го отстранат и транспортираат отпадот што беше расфрлен во околината на садовите. Изминатата недела, оперативата на ЈП Комунална хигиена-Скопје дејствуваше само во првата смена, но состојбата на терен покажа дека со активности во една смена не е возможно секојдневно да се подигне и транспортира отпадот од речиси 6000 контејнери поставени во сите скопски општини, признаваат од Комунална хигиена.

Изминатиот ден бил собран 1000 тони натрупан смет од подземните и надземните контејнери на територијата на главниот град. 





Слично

Поврзани вести