Економија, финансии, бизнис

Контакт

По најавата за градежна инвазија во Кисела Вода Најчевска предлага забрана за населување во Скопје

По најавата за градежна инвазија во Кисела Вода Најчевска предлага забрана за населување во Скопје

Не стивнуваат реакциите во јавноста откако се рашири веста дека Расадник во Кисела Вода ќе стане мета на инвеститорите. По новиот ДУП на општината таму ќе никнат стотици згради.

Критика за градежната инвазија упати и професорката Мирјана Најчевска преку социјалните мрежи. Најчевска предлага да се инвестира во општини надвор од Скопје а да престане градењето во метрополата и да се забрани зголемување на бројот на жители во главниот град.


„Да престане да се гради во Скопје.
Да се даде забрана за зголемување на бројот на жители на Скопје.
Да се дадат сите можни привилегии за секој кој живее надвор од Скопје а доаѓа да работи или студира во Скопје.
Да се инвестира во општините надвор од Скопје и да се направат посакувано место за живеење.
Да се инвестира во железница која би ги поврзала сите населени места од Македонија за поголема мобилност на населението независно од возраста.
Скопје е монструм. Скопје е нехумано место за живеење и за развој на децата, нехумано место за живеење на старите и секој ден станува се помонструзно место за живеење на било кое човечко суштество“ - пишува Најчевска на Фејсбук.

Ќе стане ли Расадник во Кисела Вода дом на 20 000 нови жители

Имено, страстите меѓу жителите на Кисела Вода зовреа откако се објави дека според новиот предлог на општината на погореспомнатиот простор се предвидени да никнат шесткатници, осумкатници, деветкатници, тринаесеткатници, некои од нив раздалечени на само 12 метри простор.

Општината тврди дека овој Детален урбанистички план е во согласност со ГУП-от и по планираната бруто-изградена површина и по густината на жители.

Слично

Поврзани вести