По мизерните услови во Битолската ЗОО, мајмунчето Лука се враќа во Скопје
Мајмунчето Лука чија фотографија пред неколку дена ги обиколи социјалнит емрежи, а на која се гледа неговата тага затворен во кавез со мизерни услови, ќе биде вратено во скопската зоолошка градина.

Оваа одлука ја донесе в.д директорот Ѓорѓи Галетановски кој информираше дека Зоо Скопје секогаш ќе биде спремна за помош на битолската зоолошка но и тамошните власти треба да најдат решенија и да створат услови за нормален живот на сите животни.
Галетановски соопшти дека целта била Лука да живее во заедница и затоа од Скопје бил префрлен во Битола по претходно дадени сугестии од странски ментори за преселба на мајмунчето.
-Зоолошките во Европа и светот постојат за едукација и за да ги заштитат и да се грижат за опстанок на ретките видови на животни а кон тоа се стремиме и ние- завршува Галетановски.
Овие фотографии пак на кои налетавме на социјалните мрежи ја претставуваат вистинската слика на условите во Битолската зоолошка градина.


