По Миладиновци-Штип, почнува да се гради и Кичево-Охрид
Утре ќе биде поставен камен-темелник за уште еден автопат. Со свеченост во кичевското село „Извор“ и официјално ќе започне изградбата на автопатот Кичево - Охрид, значаен за Западна Македонија.
Откако денеска започнаа работите на изградбата на автопатот Миладиновци-Штип, утре кинеската компанијата „Сајнохидро корпорејшн лимитед“ ќе ја започне работата и на автопатската делница Кичево-Охрид, која ќе чини 274 милиони евра.
Вкупната должина на автопатот изнесува 56,7 километри. Ќе има две ленти по 3,75 метри во правец, лента за застанување од 2,5 метри, како и рабни летни и банкини по целата должина. Помеѓу двата коловоза ќе има разделен појас во должина од 3 метри. Автопатот ќе има 6 натпатници, 13 потпатници, 22 мостови - вијадукти, 7 армирано бетонски мостови, како и тунел под планинскиот превој Пресека со две цевки за двата правци во должина од 1.990 метри.
Првично беше предвидено работата на автопатите да започне во март, со стартот на новата градежна сезона.
Слично
