ПО МЕСЕЦИ МОЛК, АСАНИ СЕ ПРАВДА НА ФЕЈСБУК: Гинекологот не вади бубрег
Откако јавноста со неверување ја следеше ситуацијата околу случајот на медицинската сестра Веапоска која при царски рез тврди дека сотанала без бубрег, матка и јајник, на социјалнит мрежи реши да го крене гласот и обвинетиот од неа, гинеколог и доктор на струшката болница Мухамед Асани.
Тој досега молчеше, а вчера министерот за здравство најави негово разрешување.
На Фејсбук, Асани пишува дека досега не се изјаснувал на темава бидејќи совеста му била чиста, но сфатил дека јавноста погрешно е информирана и лошо е сфатен целиот случај.
Асани вели дека со одговорност ја извршувал неговата работа, а пациентката која го обвинува, вели дека свореачно се потпишала и согласила за царскиот рез кој и донел постпородилни компликации.
„После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот НЕ ВАДИ БУБРЕГ. Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина. Бубрегот е изваден од страна на хирурзите кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крварењето кое потекнувало од таму ( сето ова е се документирано)“, пишува Асани
Тој меѓудругото додава дека ја разбира болката на семејството од Дебар, но истите пипува дека требало да знаат дека во неговата работа немало грешка.
Асани додава дека жали поради тоа што пациентката морала да се соочува со постоперативна компликација но дека целата состојба и тек на операција им биле пренесени на семејството.
На крај, Асани вели дека неговата совест е многу мирна
„Уште еднаш потенцирам дека цело време сум бил професионален и посветен во мојата работа. Ова може да го потврдат илјадници пациенти во мојата 30 годишна кариера, кои и ден денеска ми се заблагодаруваат секогаш кога ќе се сретнеме“, стои во Фејсбук објавата на Асани.
