Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО МЕДИУМСКАТА ПОМПА ПУ ПУ НЕ ВАЖИ: Ништо од српските вакцини денеска

ПО МЕДИУМСКАТА ПОМПА ПУ ПУ НЕ ВАЖИ: Ништо од српските вакцини денеска

Помпезните најави за вакцините кои лично српскиот претседател Вучиќ требаше да му ги предаде на премиерот Зоран Заев однеднаш спласнаа кога доцна синоќа стана јасно дека доаѓањето на истите ќе се одложи поради техничка документација.

Таа вест беше проследена со силна медиумска помпа, за подоцна во текот на денот да се каже пу пу не важи за денеска.

8.000 дози на вакцини од производителот Фајзер/БионТек нема да пристигнат денеска а пристигнувањето е одложено за наредните денови. Така барем соопштија од Владата во кратко соопштение.

На социјалните мрежи, следеше бурна реакција и коментари како тоа Владата за техничката документација дознала пред вакцините да тргнат од Србија.

Од следната недела се очекува доаѓањето и на кинеските вакцини.

*ВАКЦИНИТЕ ОД СРБИЈА НЕМА ДА ПРИСТИГНАТ ДЕНЕСКА: Властите ја усогласуваат документацијата за достава



FOTO: PRINTSCREEN


Слично

Поврзани вести