По крвава пресметка во комплексот „Горица-3“ во Охрид приведени седум лица
Крвава тепачка на Охридските плажи се случувала вчера првично помеѓу две помали групи при што се приведени седум лица.
Тие го нарушувале јавниот ред и мир со употреба на опасно орудие на плажата во комплексот „Горица-3“ во Охрид.
Според портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски инцидентот избил најверојатно поради, подолг временски период нерешени меѓусебни недоразбирања
МВР пак со детали за случајот.
„На 21.07.2017 година околу 10,30 часот во Охрид на плажата „Немо“, настанала расправија и тепачка помеѓу Д.Г.(57) од Охрид (кој стопанисувал со тобоган и шанк на плажата) и И.К.(33) од с.Прељубиште-Тетово (вработен на шанк со кој стопанисува А.Б.(52) од Охрид. Потоа во 11,45 часот, И.К. заедно со А.Б. и К. Ј.(39) од с.Студеничани-Скопје, дошле на локацијата со која стопанисува Д.Г., на која биле присутни и А.М. од с.Велгошти-Охрид, З.Ј.(25) и Д.Н.(26) и двајцата од Охрид и истите физички ги нападнале, при што К.Ј. употребил нож, а А.Б. дрвена летва. Од нападот, А.Б. се здобил со расекотина во пределот на градите, З.Ј. со расекотини на главата и левата подколеница, а Д.Г. со расекотина на левата рака. Повреди им се констатирани во Oпшта болиница- Охрид, каде им била укажана медицинска помош. За настанот е запознат јавен обвинител, а сите горенаведени лица се повикани во Полициска станица-Охрид. По целосно расчисување и документирање на настанот, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави“; пишува во полицискиот билтен.
