Економија, финансии, бизнис

Контакт

По критиката од Бејли членовите на ДИК ќе ги вратат бонусите?

По критиката од Бејли членовите на ДИК ќе ги вратат бонусите?

Членовите на Државната изборна комисија,  итно се состанаа попладнево откако амбасадорот на САД, Џес Бејли обелодени дека зад затворени врати си изгласале дополнителни плати по завршувањето на парламетарните и локалните избори. 

Бејли кажа дека членови на ДИК си изгласале дополнителна плата за 4 дополнителни месеци за нивната работа на октомвриските избори. Претходно дополнително добиле и плата за 5 месеци по изборите во 2016 година.

„Гласањето во комисијата било едногласно, сите партии и сите етникуми, а персоналот во комисијата добил помали бонуси. Но, имам прашања во врска со ова, ДИК е независно тело, можеби овој потег бил дури и легален. Но, гласањето се случило зад затворени врати. Што кажува ова за вредностите на самата организација. Каде беа свиркачите, истражувачките новинари или парламентарните тела за надзор?“- изјави Бејли.

Од ДИК неколку месеци не ги откриваат сумите за патни трошоци. 

Слично

Поврзани вести