Економија, финансии, бизнис

Контакт

По конечните резултати завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри

По конечните резултати завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри

По објавувањето на конечните резултати од изборите  автоматски им завршува мандатот на министрите и на дополнителните заменици-министри во неколку министерства. 

Штом ДИК официјално ќе ги објави конечните резултати, им завршува мандадот на дополнителните заменици-министри, Оливер Андонов во МВР,  Диме Спасов  во МТСП, Љупчо Николовски  во Министерство за земјоделство и Александар Кирацовски во Министерство за администрација и информатичко општество. 

Ова е предвидено со Договорот од 20 јули и меѓу другото значи дека штом ДИК ќе излезе со официјалните резултати, Оливер Спасовски и Фросина Ташевска-Ременски повеќе нема да бидат министри.

Функцијата министри до формирањето на новата влада, по заминувањето на Спасовски и на Ременски, треба да ја преземат актуелните заменици-министри во МВР и во министерството за труд и социјална политика, Агим Нухиу и Ибрахим Ибрахими.


Слично

Поврзани вести