Економија, финансии, бизнис

Контакт

По колку пари месечно штедат граѓаните во странство?

По колку пари месечно штедат граѓаните во странство?

Граѓаните во Србија месечно штедат по 3500 динари, Хрватите штедат по 60 евра, Романците тргаат настрана по 41  евро, Унгарците 49 евра, а Австријците по 188 евра.

Српските медиуми пишуваат дека нивните граѓани штедат во домашна и во странска валута, но по штедењето се на дното од Европа.

Србите штедат 700 динари помалку за разлика од пред две години или 1100 динари помалку во однос на 2012 година.

Од оваа скромна сума парите не одат во банка. Најголеми штедачи се гастарбајтерите и луѓето кои заработуваат над просекот.

Од почетокот на оваа година динарските вложувања се 47,69 милиони динари, а во евра има 270 милиони евра заштеди.

Граѓаните со просечни примања не можат да штедат, а секој остава по 1000 или 2000 динари на страна за непредвидени трошоци.

Пензионерите иако имаат најмали примања, најмногу штедат за деца и внуци.

Богатите своите пари ги чуваат во банка, а каматите за депозитите се намалени.

Каматите за депозитите во Србија и понатаму ќе паѓаат.

Слично

Поврзани вести