Економија, финансии, бизнис

Контакт

По којзнае кој пат откорната спомен плочата на Карпалак

По којзнае кој пат откорната спомен плочата на Карпалак

По којзнае кој пат е уништена спомен плочата на Карпалак. 

Спомен плочата е посветена на десетте бранители, кои беа масакрирани во месноста Карпалак на патот Тетово-Скопје во конфликтот во 2001 година. Непознати сторители ја откорнале плочата од бетонската банкина покрај автопатот и најверојатно ја однеле. Таа неколкупати беше кршена откако е поставена во 2004 година.

Конвој на АРМ беше нападнат од заседа на 8 август 2001 година. Во најтесниот дел од патот кон Тетово, албанските терористи го ракетираа конвојот со рачни фрлачи. Еден проектил го погоди автобусот полн со војници. Возачот Ацо Јовановски успеа запалениот автобус да го извлече од заседата, при што се спасени останатите бранители. Во нападот загинаа десет бранители од Прилеп. Секоја година на 8 август, преживеаните бранители бараат на ова место да се постави подостоинствен споменик.

Слично

Поврзани вести