Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО КИСЕЛА ВОДА, СЛЕДЕН ПРЕДИЗВИК МУ Е ГРАД СКОПЈЕ: Кој е Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг за градоначалничкото столче на метрополата?

ПО КИСЕЛА ВОДА, СЛЕДЕН ПРЕДИЗВИК МУ Е ГРАД СКОПЈЕ: Кој е Орце Ѓорѓиевски, кој влезе во вториот круг за градоначалничкото столче на метрополата?

Во вториот изборен круг за градоначалничката фотелја на метрополата ќе се бори и актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Како што е веќе познато, тој е кандидатот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Роден е на 5 август 1987 година во Скопје. И тој завршил факултет на Правниот факултет во Скопје, смер политички студии. Магистрирал менаџмент на човечки ресурси. 

Изминатите четири години ги помина како градоначалник на Кисела Вода. Член е на ВМРО-ДПМНЕ од 2005 година, каде почнал како претседател на Месен комитет при Унијата на млади сили, за подоцна да стане член на Општинскиот комитет. Во 2008 година го презема раководењето со ОК Кисела Вода. Во 2017 година тој станува дел од Советот на општина Кисела Вода, а на локалните избори во 2021 станува градоначалник.

Ѓорѓиевски е оженет и татко на еден син.


Слично

Поврзани вести