(ВИДЕО) ПО ИЗЛИЗГАНИ ВОЗИЛА И ИЗМРЗНАТИ ГРАЃАНИ: Патот ВЕЛЕС-СКОПЈЕ се врати во нормала
Авто-мото сојузот информираше дека патниот правец Велес - Катланово е нормализиран, но само за патнички возила.
Забраната останува за движење на тешки товарни возила.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен-Охрид преку планинскиот превој Буково е укината од утрово пред 10 часот.
Меѓутоа, од навеаниот снег и наноси сега во прекин е патниот правец Валандово - Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака, и двата правци.
Од вчера попладне десетци возила беа заглавени, имаше и превртени и излизгани токму на патот Скопје-Велес и обратно.
Центарот за управување со кризи вели дека поради големите количини наврнати за краток период на овие места дојде до застои и парализиран сообраќај.
Вака беше синоќа на автопатот Скопје-Велес и обратно..
