ПО ИЗБОРИТЕ НОВИ ПРАТЕНИЦИ: Кој ќе ги наследи Шилегов, Богоев, Димитриевски ...?
Петмина нови пратеници по изборите сигурно ќе станат дел од парламентарниот состав.
Вкупно осуммина пак чекаат да помине вториот круг за да седнат во собрансиката фотелја.
Петре Шилегов, Стефан Богоев, Максим Димитриевски, Сашко Поцков и Коста Јаневски официјално издвојуваа победа во прв круг и од пратеници тие ќе станат градоначалници.
На нивно место ќе седнат Татијана Лалчевска, Анета Симеска-Димоска, Лидија Тасевска, Ристе Ташев и Костадин Костадинов.
Пресуден за влез во собрание за неколку пратеници ќе биде вториот круг.
Од актуелни пратеници доколку победат во Штип, Кавадарци и Шуто Оризари, Благој Бочварски, Бетиан Китев и Курто Дудуш ќе станат градоначалници и место во собранието ќе им отстапат на Агим Муртезанов, Костадин Ацевски и Христина Момироска.
Копјата ќе се кршат и во скопска Кисела Вода, па доколку таа општина ја освои Јохан Тарчуловски, на негово место во собрание ќе седне Невена Стаменковска.
Промени по вториот круг на локалните избори се можни и кај албанските партии. Зијадин Села се бори во втор круг за Струга па доколку стане градоначалник него во Собрание ќе го замени Арта Точи.
Лидерот на БЕСА ја напушти пратеничката функција со цел да се трка на избори . Тој заедно со Теута Арифи „ќе трча“ втор круг во Тетово, и без разлика од неговиот исход таму, на негово место во собрансиката фотелја ќе седне Неџбедин Каремани.
Вчера пратеникот на Гром Чедомир Саздовски го известил Џафери дека ја напушта коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и дека ќе делува независно.
Во однос на ова, премиерот Заев изрази очекување дека и други пратеници ќе го следат примерот на Саздовски и ќе ја напуштат коалицијата на ВМРО ДПМНЕ.
