По Ивона Талевска, блокирана сметката и на Миленко Неделковски?
Откако вчера „Фокус“ објави дека е блокирна трансакциската сметка на главната уредничка на весникот „Вечер“, Ивона Талевска, сега Фокус објави дека блокада има на сметката веќе подолго време и Миленко Неделковски.
Поточно, неодамна адвокатот на новинарот Борјан Јовановски се обидел да наплати долг од Неделковски, но не успеал бидејќи извршителот му појаснил дека неговата сметка е блокирана, пишува Фокус. Јовановски го тужел Неделковски за клевета и навреда, а судот пресудил во корист на тужителот. Па така, Неделковски на Јовановски требало да му исплати 40.000 денари отштета, а околу 50.000 денари на неговиот адвокат за процесни трошоци.
По правосилноста на пресудата Неделковски имал рок од 15 дена доброволно да ги подмири трошоците, но бидејќи не го сторил тоа адвокатот на Јовановски го дал на извршител, кој ги информирал дека сметката е блокирана.
