Економија, финансии, бизнис

Контакт

По искрите во односите Заев ќе го зацврстува пријателството со Србија

По искрите во односите Заев ќе го зацврстува пријателството со Србија

Премиерот Зоран Заев ќе отпатува на официјална посета на Србија при која ќе се сретне со политичкиот врв на нашиот северен сосед и ќе се разговара за повеќе отворени прашања во обид да се зацврсти пријателството меѓу двете земји, особено по искрите кои пламнаа во екот на политичката криза во Македонија со кулуминацијата на 27 април кога во Собранието се најде и српскиот разузнавач Живалевиќ.

Работниот дел од агендата на оваа официјална посета на македонска владина делегација на Република Србија, започнува утре (вторник, 21.11.2017) со тет-а-тет средба меѓу Претседателката на Владата на Република Србија, Ана Брнабиќ и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Двете владини делегации, предводени од премиерите на Република Србија и Република Македонија потоа ќе одржат заедничка пленарна средба, на која ќе се разговара за теми од интерес на граѓаните на двете земји, како и за натамошното продлабочување на односите.

По пленарната средба на делегациите на Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија предвидена е заедничка прес конференција на двајцата премиери, Ана Брнабиќ и Зоран Заев.

Владината делегација на Република Македонија предводена од премиерот Зоран Заев потоа ќе биде примена од Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ.

Премиерот Заев и владината делегација на Република Македонија потоа ќе имаат работни активности во амабасадата на Република Македонија во Белград, по што ќе заврши оваа официјална посета на Република Србија.


Слично

Поврзани вести