Економија, финансии, бизнис

Контакт

По Грујевски и Бошкоски се трага со потерница

По Грујевски и Бошкоски се трага со потерница

Министерството за внатрешни работи на својата интернет страница ги објави потерниците за Горан Грујевски, екс-началникот на петтата управа и Никола Бошкоски, вработен во УБК. Двајцата се во бегство од 26 јули.

„Злосторничко здружување“, „Злоупотреба на службена положба и овластување“, „Фалсификување службена исправа“ и „Фалсификување службена исправа“ се делата за кои се товари Горан Грујевски додека Бошкоски се гони за кривичните дела „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и „Фалсификување службена исправа“.

Потерниците се распишани откако полицијата на 26 јули не успеа да ги пронајде двајцата обвинети од СЈО во предметите „Тврдина“ и „Таргет“, на кои апелацискиот суд им одреди притвор на 18 јули.

Слично

Поврзани вести