ПО ГРОЗОМОРНОТО УБИСТВО ВО ДЕБАР, УШТЕ ПОГОЛЕМ ШОК: Не роднина, туку ќерката го убила семејството Поцеста?
По шокот во Дебар каде пред неколку дена беа убиени родители и ќерка, доаѓа уште пошокантна вест.
Инфо Шќип повикувајќи се на полицијата пренесува дека злосторник на шокантното трикратно убиство е поголемата ќерка на семејството Поцеста.
Информациите неофицијално велат дека 25 годишната Б.П. откако ги убила громзоморно родителите и сестра си, отишла во Италија, но по добиената тажна вест, повторно се вратила во Дебар откако роднините ја известиле .
Според она што го пренесува порталот Б.П. имала двајца помошници кои и обезбедиле превоз и пиштол.
Семејството поцеста беше убиено во домот во Дебар, каде сопружниците спиеле во спалната соба, а девојчето во својата соба а во Дебар биле на одмор.
Слично
