ПО ГРЕШКА БИЛ СТАВЕН НА АМЕРИКАНСКАТА ЦРНА ЛИСТА - какво објаснување даде Американската амбасада за ставањето на починатиот сопруг на Јанева на црната листа
Според одговорот кој го добила телевизијата Телма од Американскат амбасада, ставањето на одамна починатиот сопруг на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, на црната листа на САД, е администртивна грешка.
Како што е познато, името на Јанева се најде на црната листа под сомнеж за корупција, а освен нејзиниот син адвокатот Лазар Јанев, на истата таа листа се најде и името на нејзиниот починат сопруг Венци Јанев.
Од Амбасадата на САД за ТВ Телма ја признале грешката и велат дека имаат целосна доверба во доказите и собраните информации кои се побарани од нив – според американскиот закон – за да ја назначат Јанева на листата.
„Тие податоци се внимателно проверени и овде и во Вашингтон за секој поединец што го вклучуваме на нашата листа. Стандардна практика е да се назначуваат членови на потесното семејство на оние за кои сметаме дека се вмешани во значителна корупција. Во овој случај, информациите за еден член на семејството не беа актуелни и се работи за административна грешка“, се вели во одговорот од Амбасадата.
