ПО ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА - Шилегов дал налог да се врати автобуската на старото место во населбата Црниче
По граѓанска реакција, скопскиот градоначалник Патре Шилегов, дал налог да се премести автобуската станица во населбата Црниче, која им создавала проблем на жителите во тој реон.
Тој на својот фејсбук профил напиша дека преместувањето на локацијата на автобуската било грешка на градските служби, но тој веќе дал налог таа да се премести на старото место.
„Очигледна грешка на службите на Град Скопје при изработка на сообраќајниот проект за улицата. Некако по инерција, се’ уште најнапред се грижат за автомобилскиот сообраќај.
Веќе дадов налог да се изработи нов проект и автобуската станица да се врати на старото место.
Благодарност до Даниела Тилиќ, за укажаната аномалија и истовремено извинување од моја страна во име на Град Скопје“, напиша скопскиот градоначалник на својот фејсбук профил.
По оваа реакција, граѓанката Даниела Тилиќ, на фејсбук напиша дека стигнал брз одговор од градоначалникот.
„Благодарност на брзата интервенција и грижа што ја покажавте за жителите од населба Црниче“, напиша Даниела Тилиќ на својот фејсбук профил.
Слично
