ПО ГОДИНА ДЕНА ПАДНА МАФИЈА: Што пишуваат српските медиуми за акцијата на МВР
Регионот будно ја следи состојбата во земјава. Покрај коронавирусот, медиумите од соседството, ја пренесоа и веста за уапсените полицајци кои им издавале пасоши на криминалци.
*МАКЕДОНСКИ ПАСОШ И ЗА ЛИДЕРОТ НА ШКАЉАРАЦ: Уапсени полицајци издавале документи на мафијаши од регионот
*ПО ЕДНА ГОДИНА, МАФИЈАТА ПАДНА: Уапсени полициски службеници кои фалсификувале лични документи и пасоши за криминалци!
*Пасоши за криминалци, апсење на полицајци во Македонија
Ова погоре се само дел од насловните кои осамнаа во српските медиуми.
Имено, по повеќе од една година истрага и собирање докази, најмалку десет полицајци беа уапсени вчера под сомнение дека фалсификувале пасоши и лични документи и биле дел од криминална група. ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за саботирање на акцијата.
Во акцијата, како што исткна министерот , полицајци биле уапсени под сомнение дека биле дел од ланец фалсификатори на пасоши и патни исправи.
Акцијата беше спроведена само еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини владата за саботирање на акцијата.
Партијата ги обвини премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дека им дозволиле на балканските наркобосови да добијат пасоши од Македонија.
Во аферата „Мафија“, како што ја нарече ВМРО-ДПМНЕ, според соопштението на партијата, најмалку 200 пасоши со украден идентитет издало Министерството за надворешни работи на познати нарко босови и криминалци од Балканот.
ВМРО-ДПМНЕ објави дека процесот на издавање се одвивал така што криминалецот е фотографиран за пасош, а пасошот му го издал Министерството за надворешни работи со таа фотографија, но со позајмен идентитет на лице претходно избрано од безбедносните структури.
