Економија, финансии, бизнис

Контакт

По електронски пат ќе се издава согласност за урбанистичките планови

По електронски пат ќе се издава согласност за урбанистичките планови
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески пред градоначалниците кои беа дел од политичката академија за зајакнување на капацитетите на локалната самоуправа, го најави електронско издавање согласност за урбанистички планови како нов проект на Министерството. Со ова , смета тој, максимално ќе се олесни и подобри транспарентниот процес на работење и ефективноста при процесот на комплетирање на потребната документација. Истовремено ги повика градоначалниците побрзо да завршат со редметите за легализација и  имплементација на Законот за градење. Во своето обраќање, Јанакиески информираше за инфраструктурните проекти кои ги реализира Министерството за транспорт и врски,  како проектите за подобрување на патната мрежа, комуналната инфраструктура и железничкиот сектор.
Слично

Поврзани вести