Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури

ПО ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, СЛЕДНАТА СЕДМИЦА ЛАДЕН БРАН ЌЕ ЈА ЗАФАТИ ЦЕЛА ЕВРОПА: Ќе донесе потпросечни температури

Промена на времето, и намалување на температурите од понеделник најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Како што објави на неговата веб страна „Метеоаларм“  од понеделник ќе дојде до промена на времето во Македонија.

- По екстремно високите температури кои зафатија многу делови од европскиот континент, особено источните предели од истиот, секако и Балканскиот Полуостров, во текот на следната седмица ладен бран од север ќе ја зафати речиси цела европа и ќе предизвика голем пад на температурите и тие ќе бидат потпросечни за месец јули - нагласува Попоски.

Тој додава дека потпросечни температури следната седмица се очекуваат и во поголем дел од регионот. Според него, во Алпскиот регион е можна и појава на снег, особено на највисоките места, кон крајот на месецов или на почеток на август.

- Што се однесува до врнежите, најмногу врнежи следната седмица се очекуваат во југоисточна европа, односно кај нас на Балканот, како и во источна европа. Со ова растат  и условите за појава на локални временски непогоди - нагласува Попоски. 

Локални временски непогоди се очекуваат и до крајот на оваа недела ширум регионот, како и во Македонија, вели Попоски.

Фото: Принтскрин/Метеоаларм

Слично

Поврзани вести