По една година, одобрени пари за „Ало докторе“. Познато колку ќе добие секој лекар
Од денеска Здравствен дом Скопје ќе може да ги исплаќа специјалистите и пензионираните лекари кои цела година се јавуваа да даваат совети на „Ало докторе“, но досега не добија ниту денар за тоа.
Програмата „Здравје за сите“ одобрена на владина седница стапува на сила, откако во буџетот за 2017 не беа предвидени пари за овој проект, а докторите кои беа контактирани телефонски 12 месеци немаат земено хонорар за тоа.
Според програмата, треба да се исплатат 22 доктори, просечно по 6.818 денари месечно, или севкупно 1,8 милион денари за цела 2018-та. Овој проект започна во 2014-та, а за оваа година владата се правдаше дека нема исплата за лекарите поради тоа што административно не е одобрена програмата.
Телефонската линија обезбедува консултации и упатства за граѓаните при појава на првични симптоми за кој не е неопходен итен медицински третман (главоболка, настинка , покачена температура).
Граѓаните кои се јавуваат во повикувачкиот центар на телефонската линија 15123 имаат можност во тек на 24 часа да добијат стручен медицински совет и доколку има
потреба пациентот се упатува во Итната медицинска
помош или се советува да закаже преглед кај соодветен
специјалист
