Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЕДНА ГОДИНА: Нема епилог за опожареното „ауди“ возено од Груби

ПО ЕДНА ГОДИНА: Нема епилог за опожареното „ауди“ возено од Груби


Една година нема никаков епилог откако во доцните вечерни часови на ул. „Струмичка“ во Чаир беше опожарено луксузно „ауди“ во сопственост на скопски бизнисмен кој истото возило му го дал на користење на тогашниот вицепремиер Артан Груби..

Сторителите на палењето се уште не се откриени, додека од Обвинителството нема одговор за истрагата, објави Алсат ТВ. Од Обвинителството не даваат објаснувања дали го истражувале прашањето за сопственоста и набавката на луксузното возило.

Опожарениот автомобил, кој бил опремен со флешери, според изјавите на Груби, му припаѓал на успешен бизнисмен, кој му бил пријател и сосед. Груби објасни дека нема друг автомобил, освен цитроенот на татко му, кој чини 1.000 евра, додека одвреме-навреме ги позајмува автомобилите на браќата и пријателите.

Груби го користел возилото кое во МВР е регистрирано на име на лицето Беким Лимани, сопственик на фирмата „Еуро ком лајтинг“, кое според истражувањето на „360 степени“, иако со еден вработен, компанијата направила обрт од 4,2 милиони евра.

Антикорупциска тврдеше дека во отсуство на закон за потекло на имотот, не можат да отворат постапка бидејќи возилото е на име на друго лице. 



Слично

Поврзани вести