Економија, финансии, бизнис

Контакт

ПО ЕДНА ГОДИНА НА ФУНКЦИЈАТА: Министерот Хоџа најави оставка за денес-што е причината?

ПО ЕДНА ГОДИНА НА ФУНКЦИЈАТА: Министерот Хоџа најави оставка за денес-што е причината?

Актуелниот министер за земјоделство ќе се повлече од функцијата.

За денес Арјанит Хоџа најави дека ќе поднесе оставка.

Сите детали, Хоџа истакна дека ќе ги каже денес на прес конференција.

Оставката на министерот доаѓа како последица на политичките случувања во државата и откако вчера преживеа владата на Заев, по не одржувањето седница за гласање доверба.

Кој е Арјанит Хоџа?

На чело на министерството за земјоделие Хоџа дојде во август минатата година.

Арјанит Хоџа е роден на 18 октомври 1986 година во Ресен.

Во 2008 година дипломира на Факултетот за бизнис администрација при Универзитетот на Југоисточна Европа – Тетово.

Во периодот од ноември 2003 до април 2004 година е ангажиран како координатор на проект поддржан од ОБСЕ.

Од октомври 2005 година до септември 2006 година е член на Европскиот младински парламент.

Во 2010 година преку меѓународната програма VLP European Young Leaders престојува во САД.

Од 2009 година е основач и управител на приватна компанија од областа на производството и трговијата. 

Од 30 август 2020 година ја извршува функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во вториот мандат на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Зборува албански, македонски и англиски јазик.

Оженет, татко на три деца.

Слично

Поврзани вести