ПО ЕДНА ГОДИНА КРОНЕВСКИ Е РАЗРЕШЕН ОД ПРВ ЧОВЕК НА СЛУЖБЕН ВЕСНИК - на негово место доаѓа Крстина Јоакимовска, за неа нема многу информации
Службен весник ќе има нова директорка, откако стариот директор денеска беше сменет од Владата без некое подетално образложение.
Со оваа институција отсега па натаму ќе раководи Кристина Јоакимоска, која ја добива позицијата в.д, директор.
„Владата, по точката за кадровски прашања, донесе одлука да го разреши Владимир Кроневски од должноста директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија. Владата ја именуваше Кристина Јоакимовска за в.д. директор на ЈП Службен весник на Република Северна Македонија“, се вели во владиното соопштение.
Од Владата нема информација зошто е разрешен Кроневски од функцијата.
На гугл и на фејсбук нема ниту профил, ниту фотографија или биографија од Кристина Јоакимовска, новата директорка на Службен весник.
Ниту, пак, Владата во своето соопштение не дала подетално образложение која е Кристина Јоакимовска.
Инаку, Владимир Короневски бил избран на функцијата директор на Службен весник во февруари лани, што значи дека тој е разрешен по смо една година директрување.
Тој практично бил во првата група на новоименувани директори од премиерот Дмитар Ковачевски, кога тој го почна својот премиерски мандат.
